Инцидент се случил синоќа пред полноќ во Охрид, во близина на изборен штаб на една политичка партија што се наоѓа на улицата „Гоце Делчев“.
Пред полноќ било пукано од огнено оружје кај штабот на оваа партија, а како што пренесоа неколку портали од Охрид, синоќа бил блокиран овој дел од градот, поради увидот што го вршеле полициските службеници.
Според првичните непотврдени инфoрмации, било пукано од автомобил во движење, при што било оштетено возило со охридски регистарски ознаки.
Како што се дознава неофицијално, возилото е во сопственост на случаен минувач и е подигнато за натамошно вештачење.
Неколку минути потоа, се слушнале и истрели блиску до куќата каде живее советникот од оваа политичка партија, се наведува во информацијата.