Претседателските избори во земјава ќе ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи, како и 289 преведувачи и 60 странски новинари акредитирани од ДИК.
Од домашните, најголем број набљудувачи има МОСТ, потоа Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција МАК-СОНЦЕ Скопје и Здружението на граѓани за развој и промоција на туризмот, одржлив развој и човекови права АКСИОС 2017 Скопје.