Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 19 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 20 степени.
И в понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи, ветер и услови за појава на град. Во вторник, поради спуштање на постудена воздушна маса, ќе дува засилен северозападен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите и ќе има услови за слаб снег на повисоките планини.