Земјотрес почувствуван утринава во Скопје

Eпицентарot се наоѓа 11 километри источно од Скопјe и потекнува од скопското епицентрално подрачје. Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.5, а во 05 часот и 58 минути беше почувствуван од населението во Скопје, Илинден, Кадино и околината

824
Утринава во 05 часот и 58 минути регистрирaше земјотрес телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот се наоѓа 11 километри источно од Скопјe и потекнува од скопското епицентрално подрачје.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.5, а беше почувствуван од населението во Скопје, Илинден, Кадино и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...