Пендаровски: Река даде достоинствена изјава

Не верувам дека мислел дека со ревизија на Преспанскиот договор, ќе останеме на патот кон ЕУ , рече Пендаровски.

360

Изјавата на Блерим Река пред вториот круг од изборите, во која ги повика своите гласачи да гласаат по сопствено убедување, е достоинствена рече претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во вечерашниот дуел на ТВ 24.

-Јас мислам дека е достоинствена изјава. Не ни очекував тој да повика да се гласа за некој кандидат, тој е доблесен човек. Јас да ја пишував неговата изјава би ја напишал исто. Ние сега може да дебатираме дали мислел за некого од нас со изјавата. Но, кога рече да излезат да гласаат рече да гласаат за да не загрози ЕУ интеграцијата. Не верувам дека мислел дека со ревизија на Преспанскиот договор, ќе останеме на патот кон ЕУ – рече Пендаровски.

Сиљановска, пак, рече оти Река е тој кој може да даде автентично толкување на изјавата, но рече дека во дебатите тој дал јасна не само за ЕУ и НАТО.

-Тоа беше жестока критика на еден од вашите поддржувачи, на ДУИ со основната теза дека не видел ниту еден процесуиран предмет во однос на таа партија. Тој зборува за нова демократска република со квалификувани луѓе на право место, со жестока битка со корупцијата и криминалот, со непотизмот, тоа е пораката и таа ми е многу блиска – рече Сиљановска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...