Пендаровски и Сиљановска си разменија закани со кривични пријави

2988

Тешки обвиненија на последното телевизиско соочување пред почетокот на молкот, помеѓу претседателските кандидати Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски.

Пендаровски обвини дека таткото на Сиљановска бил припадник на УДБА.

– Ова е сталинистичка метода. За ова обвинение ќе добиете соодветна кривична пријава – рече противкандидатката Сиљановска.

Таа потоа го обвини дека неговиот татко целиот живот работел во полицијата.

-Дали сакате да ви возвратам со кривична пријава. Мојот татко целиот свој работен век го помина како учител- рече Пендаровски.

Сиљановска обвини дека Пендаровски  ја предводел акцијата на полицијата во Радожда.

Пендаровски одговори дека тој тогаш не работел во МВР.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...