Адора Инженеринг ја доби наградата „Креатори на столетието“ за Средна и Југоисточна Европа

Наградите на Адора инженеринг, Халкбанка, Адинг и Киро Дандаро, во присуство на министерот без ресор во македонската влада д-р Зоран Шапупиќ, им ги врачија почесните гости од Меѓународниот комитет на „Креатори на столетието“ и Меѓународниот економски форум „Перспективи“.

997

Во присуство на високи претставници на државата, бизнис секторот и меѓународниот економски форум „Перспективи“, денес на градежната компанија Адора инженеринг ѝ беше доделена големата интернационална награда „Креатори на столетието“ за особен придонес во развојот на идеи, иновации и инвестиции во претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа од страна на Меѓународниот комитет за доделување на награди признанија од Хрватска.

Оваа шеста интернационална награда, Адора инженеринг ја доби на Регионалниот самит на претприемачи од Средна и Југоисточна Европа „300 најдобри“ , кој се одржа во март годинава во Дубровник со наградување на поединци, компании, организации, здруженија и институции кои како „Креатори на столетието“ , со посветена и креативна работа, придонеле за развој на претприемништвото, а со тоа и за развој на целата заедница во која живееме и твориме.

– За Адора инженеринг, престижната награда „Креатори на столетието“ е валоризација на посветената 17 годишна работа во високата градба и признание дека навистина сме ги подигнале стандардите за домување на пазарот на недвижности на национално и меѓународно ниво, со акцент на сигурноста, економичноста и комфорот во домувањето, носејќи нов концепт според последните трендови во светот на архитектурата и квалитетното домување. Наградата се однесува на 2018-та, што во Адора ќе остане забележана како година на завршување на два капитални проекти во Скопје, изградбата на новиот препознатлив урбан симбол на метрополата, станбено-деловниот комплекс Адора Flatiron и Дијамантската градина на Адора што го донесе зеленото домување во Македонија во најголемата внатрешна градина со boutique концепт во Југоисточна Европа. Наградата ни е посебно значајна како афирмација и признание на нашите континуирани напори за внесување иновативни решенија во домувањето, како долгорочниот проект за изградба на првите енергетски ефикасни домови со сертификат за А класа, воведување на првите фотоволтаици на сончева енергија, воведување на првата сертифицирана звучна изолација 80% над македонските стандарди, поставување на првата органска фасада на станбен објект и креирање инвентивни решенија со модерен дизајн на ентериерот за хумано, пријатно и релаксирано домување, по цени достапни за македонските граѓани – изјави Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор на Адора инженеринг по примањето на наградата.

Таа истакна дека признанието се однесува и на препознатливиот сегмент од корпоративниот идентитет на компанијата, општествено одговорните проекти за заедницата, со цел за изградба на поубав, похуман, порамноправен и посреќен свет за сите.

Наградите на Адора инженеринг, Халкбанка, Адинг и Киро Дандаро, во присуство на министерот без ресор во македонската влада д-р Зоран Шапупиќ, им ги врачија почесните гости од Меѓународниот комитет на „Креатори на столетието“ и Меѓународниот економски форум „Перспективи“, кои го најавија Светскиот конгрес на претприемачи кој ќе се одржи во октомври годинава во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...