Горан Папаз ќе биде специјален музички гостин и ќе настапи пред Папата Францис. Тој е поканет од Католичката црква.
Настанот ќе биде во дворот од Католичката црква, „Пресвето Срце Исусово” каде што папата ќе има екуменска и меѓурелигиска средба со младите.
Папаз ќе биде гостин на црковната музичка група „Агапе” и тие ќе се претстават со три композиции.
– Ова за мене е огромна чест и награда за целиот досегашен труд – изјави Папаз.