Двајца колеги се степале во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти полицијата.
В.Л.(30) од Битола вчера во полицијата пријавил дека истиот ден во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил физички нападнат од негов колега Б.Ш.(42) од с.Градец, гостиварско.
Полицијата направила записник за прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир .