Сиљановска: Очекувам во недела граѓаните масовно да излезат на избори

Сиљановска, како што вели, е убедена дека успехот на 5-ти мај ќе отвори порта кон еден друг успех, кон градење на демократска, евроспка Македонија.

78

Очекувам во недела граѓаните масовно да излезат, очекувам да го продолжат она што го направија во првиот изборен круг, да се зголеми поддршката за мене. Зошто? Бидејќи кандидатот на власта не може да направи ништо друго освен она што го правеше оваа власт зошто и самиот тврди дека 102% се согласува со лидерот на СДСМ, веи во денешната изјава кандидатката за претседател, Гордана Сиљановска Давкова.

– Очекувам да се соберат околу членството на ВМРО-ДПМНЕ кое ме поддржа на конвенцијата и сите оние кои можеби овие две години ги немаше. Значи да се вратат во јатото на оние кои што заговараат реформи се разбира за реформите да се борат внатре. Зошто очигледно е дека ако ВМРО-ДПМНЕ отвори врата за мене со тоа покажа демократски исчекор – вели Сиљановска.

Таа, како што вели се надева, оти членовите, сипматизерите оние кои се за реформи ќе се приклучат и неопределените гласачи, ќе се приклучат и разочараните од катастрофалните политики на СДСМ во овие две ипол години.

-Зошто? Зошто на прагот сме пред соопштувањето на одлуката дека почеток на преговори нема. Зошто? Зошто ниту еден критериум копенхагешки оваа власт не исполни, зошто власта ја користеше само за сопствени цели од неа евроспки профил на политичар и на европски профил од овие неевропски политичари не можеме да очекуваме реформи – вели таа.

Сиљановска, како што вели, е убедена дека успехот на 5-ти мај ќе отвори порта кон еден друг успех, кон градење на демократска, евроспка Македонија.

– Зошто очигледно е дека промени реформски може да направите само ако и себе се реформирате.ВМРО-ДПМНЕ тоа го прави во моментов, ќе му се приклучат се разбира и нови политички сили во градење на ново парлементарно мнозинство, а оваа власт ќе биде запаметена само по болката што ни ја нанесе. Зошто? Зошто повторувајќи ЕУ и НАТО всушност го кршеше правото и правдата – вели во изјавата Сиљановска Давкова.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...