Европол: За влез во Шпанија мигранти кеширале и до 20.000 евра

58
ФОТО: МИА

Шпанската полиција, со поддршка на Европол, уапси 11 членови на криминална група од Бангладеш, која земала од 14.000 до 20.000 евра од речиси 350 мигранти за да ги прошверцува во Шпанија.

Како што се наведува во соопштението на Европол, за време на акцијата запленети се повеќе од 200 фалсификувани документи и околу 18.000 евра.

Операција за апсење е спроведена во Барселона, каде што полицијата пребарала три куќи и пет згради.

Европол напоменува дека мигрантите се шверцувани преку три континенти.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...