СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Б.(29) и С.Ѓ.(34), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени 14 кривични дела „тешка кражба“ и пет кривични дела „кражба“.
Двајцата пд октомври лани до април годинава, на различни локации во Охрид и во неколку села, влегувале во куќи и станови и одземале разновидни предмети.
Одземените предмети веднаш ги продавале со што се стекнале со значителна противправна имотна корист.