Тренерот на Порто за Касиљас: Животот е најважното нешто

190
Photo: EPA / FRIEDEMANN VOGEL

Тренерот на Порто – Серхио Консеисао, ја прокоментира ситуацијата на Икер Касиљас. Легендарниот шпански голман во средата, 1 мај, доби срцев удар.

Во последниве денови има шпекулации дека 37-годишниот Икер повеќе нема да може да игра фудбал, откако ќе има вградено стент во своето срце.

– Мислам дека заздравувањето на Икер оди добро. Загрижени сме, но за среќа Касиљас е добро. Тимот е зад него. Фудбалот е дел од животот, но животот е најважното нешто. Не ни требаат такви ситуации, за да бидиме сплотени. За жал овие работи се дел од животот, а Икер може да смета на сите луѓе во овој клуб, изјави тренерот на „змејовите“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...