ОН: Северна Кореја го намали обемот на храната до 300 грама дневно

Од 17,5 милиони граѓани на Северна Кореја, 7,5 милиони зависат од владиното рационирање на оброците.

292

Северна Кореја го намали обемот на рационираната храна до 300 грама дневно, што е најниско во историјата за ова време од годината, а дополнителните намалувања се видливи по најлошата жетва на деценијата, објави денеска Организацијата на Обединетите Нации.

Обединетите нации правеа проценка на храната од 29 март до 12 април, на барање на Северна Кореја. Тие добија широк пристап, вклучително и пристап до кооперативни фарми, рурални и урбани домаќинства, детски градинки и центри за дистрибуција на храна.

– Новата проценка на безбедноста на храната покажа дека по најжешките жетви во последните 10 години, поради суви периоди, топлотни бранови и поплави, 10,1 милиони луѓе се погодени со тешка несигурност во однос на прашањето на храната, што значи дека немаат доволно храна до следната жетва, изјави портпаролот на Светската програма за храна, Херве Верхусел.

Истражувањето покажа дека внесот на протеини е многу низок, а дека некои семејства конзумираат протеини само неколку пати годишно.

Светската програма за храна и Организацијата за прехрана и земјоделство на ОН, кои заедно го спроведоа истражувањето, се меѓу неколкуте хуманитарни агенции кои имаат пристап во Северна Кореја, која во средината на 90-те беше погодена од глад и притоа починаа околу три милиони луѓе.

Земјоделското производство од 4,9 милиони тони, што е најниско од 2008/2009 година, доведе до недостиг на храна од 1,36 милиони тони во 2018/2019 година.

Од 17,5 милиони граѓани на Северна Кореја, 7,5 милиони зависат од владиното рационирање на оброците.

Светската програма за храна планира нова проценка во текот на јули и август.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...