Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница отвори два предмети против актуелниот лидер на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Едниот, по допрен глас од портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, кого го повикаа да ги достави до Комисијата сите податоци со кои располага, е за добивање 33.000 метри квадратни државно земјиште за изградба на хидроцентрали и доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија со изградба на хидроцентрали на фирмата „Енерго тек“ ДО Скопје.
Вториот, исто по допрен глас, е дека во септември 2016 година Мицкоски е именуван за директор на АД ЕЛЕМ од страна на надзориот одбор, а истовремно продолжил да биде и надворешен соработник – советник на тогашниот премиер Никола Груевски од областа на енергетиката.
Во однос на првиот случај, според ДКСК суштината е тоа што како основач и сопственици на фиормата „Енерготек “ ДО е посочен Христијан Мицкоски и Димитар Димовски, кој во тој период вршел високи функции во Министерството за транспорт и врски. Според заклучокот од членовите на Комисијата постојат индиции за непотизам затоа што во периодот на доделување на концесиите и на земјиштето односно како сопственици на фирмата, истовремено Мицкоски е советник на тогашниот премиер и директор на ЕЛЕМ.
Овие два предмети, констатира ДКСК се класичен пример на злоупотреба на функции и судир на интереси.