СДСМ со кривична за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на деца во кампањата

440

Овластен претставник на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска поднесе пријава за недозволени активности во тек на изборна камапња до надлежните институции, поврзана со злоупотребата на деца во изборна кампања од страна на Гордана Сиљановска и штабот на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти СДСМ.

Пријавата е поднесена до Државната Комисија за спречување на корупцијата бидејќи од страна на Гордана Сиљановска Давкова, нејзиниот изборен тим и изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ прекршени се одредбите од член 8-в од Изборниот Законик, Кодексот за фер и демократски избори потпишан во ДИК на 31.03.2019г., членот 36 од меѓународната Конвенција за заштита на правата на децата ратификувана од Република Северна Македонија, член 12 став 4 од законот за заштита на правата децата.

– Во паника од извесниот пораз во вториот круг и слабата поддршка од граѓаните, Гордана Сиљановска во очај злоупотреби деца без родители и родителска грижа во изборна кампања и за политички цели. Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ, заради ситни политички поени се обидоа да ја манипулираат јавноста дека децата без родители и родителска грижа сместени во СОС Детско село се соочуваат со недостиг на храна, иако за секое дете е обезбедено организирано живеење и предвидени трошоци целосно обезбедени од државата, стои во соопштението.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...