Скопјанец обвинет за недозволено држење оружје

162

Скопското јавно обвинителство поднесе обвинение против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

На 11 април, при претрес во домот во кој престојувало лицето на улица „Лазар Трпков“ во Скопје, било пронајдено огнено оружје – два пиштоли со калибар од 7,62 X 25 мм, како и една рамка со девет куршуми со ист калибар.

До Основниот суд Скопје 1 Скопје надлежниот јавен обвинител достави и Предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи се уште постојат околности кои што очигледно укажуваат на опасноста лицето да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...