Почина Питер Мејхју, Чубака од филмот „Војна на ѕвездите“

Чубака, познат и како Чуи, беше силен војник со меко срце, тело покриено со крзно, копилот на бродот „Милениумски сокол“ и лојален помошник на Хан Соло.

295

Британскиот актер Питер Мејхју, кој во пет филмови од серијата „Војна на ѕвездите“ го глумеше Чубака, почина на 74-годишна воздраст во својот дом, соопшти неговото семејство. Мејхју починал во вторникот, во неговата куќа во Тексас.

Причините за смртта не се соопштени.

Чубака, познат и како Чуи, беше силен војник со меко срце, тело покриено со крзно, копилот на бродот „Милениумски сокол“ и лојален помошник на Хан Соло, кој го толкуваше Харисон Форд.

„Питер Мејхју, беше љубезен и мек човек, со големо достоинство и великодушен карактер“, изјавил Форд во соопштението.

Форд додал дека со Мејхју не бил само партнер во филмот туку и долгогодишен пријател, повеќе од 30 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...