ДОМ ги повикува сите граѓани, во недела, на 5 мај масовно да излезат на гласање и да го поддржат претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.
– Со изборот на Пендаровски, избираме стабилност, просперитет и евро-атлантска перспектива за нашата земја. Тоа е вистинскиот избор за економски раст и благосостојба, демократија, почитување на човековите права и слободи, владеење на правото, борба против организираниот криминал и корупцијата, социјална правда, еднакви можности за сите, солидарност, како и заштита на животната средина и борба против климатските промени. Со изборот на Пендаровски, избираме Претседател кој ќе обединува и ќе работи во интерес на сите граѓани, без разлика на нивната етничка, религиска или политичка припадност, соопшти ДОМ.