Адвокатите во „Титаник“ бараат наместо рочишта да вршат увид во доказите

1058

Адвокатите на повеќето од обвинетите во случајот „Титаник“ бараат да се одложи денешното рочиште, а исто така бараат да не се одржат ниту наредните три закажани за 12, 15 и 26 април.

Причината е што бараат наместо рочишта тие термини да се користат за увид во списите на предметот, кој како што наведуваат, е со обемен материјал.

Дел од адвокатите посочуваат дека не можеле да извршат увид во списите, а дел велат дека воопшто не добиле цедиња со материјалите. Бидејќи не извршиле увид тие поднеле групно барање за одлагање на трите главни расправи и во тие термини да вршат увид.

На денешното судење се присутни сите 21 обвинет меѓу кои Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, како и Мунир Пепиќ и Едмонд Темелко кои се спроведени од куќен притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...