На наjмоќниот фудбалски клуб на светот ПСЖ му се заканува згаснување, катарските милијардери најавија повлекување

1032

Катарските сопственици на Пари Сен Жермен размислуваат да се повлечат од клубот, објави „Паризиен“.

„Катар Спортс инвестментс“, со седиште во Лондон, има намера да го намали финансирањето на клубот во наредните години, а по светското првенство во 2022 година, кое ќе се одржи во Катар, можно е и целосно да го прекине финансиското учество во клубот.

Причината за промена на намерите на милијардерите од Катар е во постојаните критики на нивна адреса. Сопствениците се незадоволни од потценувањето во Франција, по секој неуспех на ПСЖ во Лигата на шампиони.

Високите даноци во Франција исто така не им одговараат на Катарците, кои од влегувањето во клубот во 2011 година платиле на француските власти 1 милијарда евра.

Според информациите, тие може да го пренасочат финансирањето кон италијанскиот клуб Рома, откако веќе биле водени преговори со претседателот на римскиот клуб – Џејмс Палота.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...