Мицкоски: Правото и правдата ќе дојдат на петти мај

99

Правото и правдата ќе дојдат на петти мај, им порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средбата со жителите на кумановската населба Карпош.

Кога ќе дојде Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ, рече тој, ќе го направат сето она што општината не го направила во оваа населба, а и било обврска.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ рече дека за време на кампањата поминале повеќе од 10.000 километри, дека имале повеќе од 150 митинзи, настани, средби, разговарале со илјадници граѓани.

– Маката е голема, луѓето мачно живеат. И често пати покарј критиката кон овие политички измамници кои ветуваат живот, а пекол донесоа, знаат да не искритукуваат и за нашите грешки од минатото. Никогаш не водев, ниту ќе водам алиби политика и секоја грешка ја прифраќам на себе и барам прошка и затоа се извинувам – рече Мицскоски.

Тој побара можност да покажат дека се различни од сегшаните и додаде дека во првиот круг победиле во 47 општини, а во вториот ќе победат во повеќе од 50 општини. Рече дека признава битка со дела, политики, проекти, но дека не може да помине преку непринципиенли притисоци и повтори дека на петти мај ќе победи Силјановска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...