Алијансата за Албанците (АА) го повторува ставот искажан за време на изборната кампања дека нејзините приврзаници не ги сметаат за сопственост и плен во функција на тесните интереси на одделни поединци. Секој глас за нас го зајакнува нашето партнерство со вас за градење, заживување и зајакнување на политичката платформа на АА во функција на уставната и социо-економската еднаквост на Албанците во Ррепублика Северна Македонија, соопштија од партијата по одржаниот состанок на Централното собрание.
Со својот став кој го изразија преку соопштение од партијата на Зијадин Села, тие во пресрет на гласањето во вториот круг од претседателските избори нема да дадат јавна поддршка за ниту еден од кандидатите.
„Нашата поддршка беше за професорот Блерим Река. Цениме дека ја добивме поддршка на апсолутно мнозинство Албанци во РСМ. Ја користиме оваа прилика да ви се заблагодариме за работата и поддршката што му ја дадвте на професорот Река и на концептот на албанската опозиција. Главниот непријател на концептот и стручната подготовка на професорот Река беше предрасудата“, наведуваат од паријата.
Од АА наведуваат оти со загриженост оценуваат дека вториот круг од претседателските избори се одвива без конкретна понуда за граѓаните. Во фокусот на кампањата на двајцата кандидати не е Држава за сите, туку Држава и Власт на македонска партија или поединец кој што во минатото и сегашноста повеќе ги дискриминирал или вршел насилство врз Албанците.
„Рекламните спотови од двата кампуси на кандидатите се најдобар доказ за уставно-правната положба и нивото на почитување на елементарните човекови права, во конкретниот случај на Албанците во РСМ. Тие се најдобриот одговор на многуте „зошто?” поставувани од личности со сомнителен кредибилитет чија единствена цел беше да ги дискредитираат политичките дејствија на АА и албанската опозиција, како и ноивнло застанување зад кандидатурата на професорот Блерим Река и неговиот концепт за Држава за сите и против моноетнизмот на државава. Овие спотови се дополнителен доказ за меѓународниот фактор, САД и ЕУ за тоа во кој степен е почитувањето на човековите права, дека монтираните политички процеси сеуште се реалност и дека владеењето на правото сé уште е далеку кога станува збор за Албанците“, пишува во соопштението на партијата.
Оттаму, апелираат до Пендаровски и Силјановска да запрат со оваа валкана кампања на подобар или полош џелат и итно да престнат да ги емитуваат овие рекламни спотови. Наместо нивно емитување, јавно нека им се извинат на Албанците и да дадат гаранции дека тие никогаш нема да се повторат.