Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска оствари средба со граѓаните на општина Чаир каде што им се заблагодари за нивната поддршка во првиот круг од претседателските избори и побара уште помасовна поддршка во вториот круг на претседателските избори закажан за 5 мај.
Силјановска Давкова пред граѓаните посочи дека доколку победи на изборите ќе ја донесе правдата во Република Македонија, потенцирајќи дека таа ќе биде жена претседател на сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска или политичка определба.
Силјановска Давкова нагласи дека не сака да прави пазар со гласовите на граѓаните, бидејќи таа не сака да тргува со гласовите на граѓаните, односно како што рече таа е секогаш со народот и работи во нивен интерес, а се друго претставува пазар што според нејзе претставува навреда кон граѓаните.
Таа додаде дека се она што ветила пред граѓаните ќе го исполни, алудирајќи дека граѓаните на Република Македонија се мудри и знаат да направат вистински избор и да ја одберат вистинската страна на 5 мај.