Пендаровски ѝ ја подари на Силјановска книгата на Кежаровски

1761

Дали било кога, кажала збор за прислушувањето на над 20.000 граѓани, дали било кога го осудила бегството на Никола Груевски, дали може да каже нешто за Амнестијата на Иванов од 2015 на над 50 криминалци. Има шпекулации дека таа му го напишала текстот. Нема кажано ништо за затворањето на А1 телевизија, нема кажано ништо за тоа што Македонија беше единствен пример во Европа каде имаше политички затвореници, ја обвини Стево Пендаровски неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова во вечерашниот дуел во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.

Додека зборуваше за политички затвореници за време на власта на ВМРО-ДПМНЕ, Пендаровски на Силјановска ѝ ја подари книгата на новинарот Томислав Кежаровски.

На ваквите прозивки кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ му возврати дека не е точно дека молчела, но и оти таа не е дежурна по телевизиите.

Кажа дека имала став за затворањето на Кежаровски, како и дека имала една изјава за затворањето на А1 телевизија, кога ѝ се јавила новинарка и тоа е единствената која ја дала при што кажала дека не треба да се мешаат бизнисите и работењето на медиумот. За помилувањето од Иванов, пак, Силјановска повтори дека имала телевизиско гостување и дека останува на ставот оти таа не била законска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...