Кајли Џенер наводно сака да име второ бебе што побрзо.
– Кајли зборува за второ бебе многу често. Таа би сакала да има уште едно дете со Травис и сака да биде бремена уште идната година. Постојано зборува за тоа, ми се чини таа навистина е родена за да биде мајка – рекол извор за „Е! News“.
Оваа тема, Џенер ја отвори и во роденденската честитка за Травис.
– Гледајќи те како се развиваш во партнер, пријател, син и татко, како што си денеска, мислам дека сето тоа е прекрасно. Мојот вистински пријател и сопруг споени во едно. Те сакам и многу сум горда на тебе. Среќен роденден. Ајде да имаме уште едно бебе – напиша таа на Инстаграм.
Џенер во интервју кажала дека отсекогаш сака да биде млада мајка. Многумина ја прашувале дали е подготвена за тоа, но 21-годишната милијардерка чувствувала дека е спремна за такво нешто.
– Секогаш кога Кајли го гледа Тревис како се однесува кон Сторми и тоа што тој е одличен татко, таа се заљубува во него уште повеќе – додал изворот за медиумот.
ФОТО: EPA / NINA PROMMER