Педесет и шестгодишник го убил својот 76-годишен чичко во Србија. Настанот се случил утрово околу 9 часот.
Очевидец за „Курир.рс“ ги раскажал деталите од ужасот кој ги потресил соседите.
Наводно, убиецот на улица го турнал својот чичко од велосипедот, неколку пати го удрил, па го заклал.
– Видов како го закла својот чичко, отидов во шок, не бев свесен што се случува. Го видов како го брише крвавиот нож од тревата. Не дозволи никој да му се приближи ни нему, ни на убиениот. Ја чекаше да дојде полицијата, па се предаде – рекол соседот Славиша Петриќ.
Тој додал дека по злосторството, се појавил и синот на убиениот, а убиецот му рекол „поради него не се оженив“.
Видеото погледнете го тука.
ФОТО: Владимир Шпорчиќ/ Курир.рс