Пендаровски им посака лесен пост на верниците од исламска вероисповест ВИДЕО

169

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, на сите граѓани и верници од исламска вероисповест им посака лесен и бериќетен пост.

„На неколку дена пред почетокот на најсветиот месец за муслиманите, месецот Рамазан, месецот на постот,солидарноста и блискоста меѓу луѓето, дозволете ми да ви посакам лесен пост на вас и вашите најблиски. Нека овој месец биде месец на солидарноста помеѓу нас, месец кога ќе си простиме едни со други, месец во кој ке продолжиме да градиме солидарно општество, такво какво и Господ не советува да градиме. Делете ја вашата добрина со сите околу вас. Имајте лесен пост“, порача Пендаровски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...