Иванов се уште не доставил барање за буџет на неговиот иден кабинет

81

Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов се уште не доставил барање до владината Служба за општи и заеднички работи за буџетот што му следува по завршувањето на мандатот на 12. месецов, а којшто изнесува осум отсто  од годишниот Буџет на институцијата претседател на државата.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска соопшти дека до владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР) досега е доставено барање за информација колкав е буџетот којшто му следува на Кабинетот на претседателот по завршување на мандатот и во  рамки на тој буџет кои се спецификите за формирање на кабинет на поранешен претседател.

– СОЗР има одговорено повратно на информацијата дека тој Буџет е во висина од осум проценти од годишнбиот Буџет предвиден за институцијата Претседател на Република Северна Македонија и оти во рамки на тој буџет Кабинетот на претседателот треба да поднесе барање до СОЗР за деловни простории итн.  До вчера вакво барање не  е поднесено. Тоа што се има случено е комуникација помеѓу Кабинетот и Службата за општи и заеднички работи – рече Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата за одлуките од редовната владина седница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...