Сè повеќе Швеѓани вградуваат НФЦ чип во своите прсти

462
бесплата фото пикселс

Дури 4.000 Швеѓани веќе имаат вграден НФЦ чип за непосредна комуникација (Near Field Communication), кој во прстите им служи како дигитален клуч, картичка за плаќање итн., пренесува данскиот портал „ЦПХ Пост“.

НФЦ чипот е голем колку паричка и е сместен во стаклена капсула, за телото да не го отфрли. Засега, оваа технологија содржи малку податоци, но постои можност за усовршување и повеќе намени – за плаќање патни билети, па дури и за ГПС-лоцирање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...