Нема лидерска средба за името

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на поединечни средби ќе ги информира претставниците на државниот врв и политичките партии за разговорите за името, соопштија од МНР.  

411

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на поединечни средби ќе ги информира претставниците на државниот врв и политичките партии за разговорите за името, соопштија од МНР.

Лидерска средба за процесот на разговори за името нема да има, потврдија за МИА од Владата.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров минатата недела најави дека по преговорите за името во Виена ќе се одржи состанок на државниот врв и лидерите на најголемите партии. Тој во Виена во петокот имаше средба со министерот за надворешни раб оти на Грција Никос Коѕијас и со медиујаторот Метју Нимиц.

За разговорите во Виена денеска и утре во Атина, шефот на дипломатијата на Грција ќе ги информира лидерите на грчките политички партии.  

На 27 јануари годинава во Клубот на пратениците се одржа досега единствениот координативен состанок на државно-политичкиот врв во врска со разговорите за името на кој присуствуваа претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...