Бил Гејтс тврди дека овие три професии ќе бидат најбарани, ако знаете да ги работите, за вас ќе нема зима

Вработените со искуство од овие области ќе бидат „агенти на промените во сите институции", изјавил Гејт на извршниот уредник на Линкедин Даниел Рот.

1011
ФОТО: EPA / GIAN EHRENZELLER

Познатиот технолошки претприемач и еден од најбогатите луѓе на светот Бил Гејтс е „опседнат“ со иднината.

Често работи со истражувачите и визионерите, чита книги за иднината на човештвото и финансира проекти за унапредување на заедницата.

Врз основа на податоците кои ги собрал, Гејтс заклучува дека во иднина луѓето од овие три области од сега ќе бидат најбарани – науката, инженерството и економијата.

Вработените со искуство од овие области ќе бидат „агенти на промените во сите институции”, изјавил Гејт на извршниот уредник на Линкедин Даниел Рот.

– Притоа мислам на основно познавање на науката, математичките вештини, економијата – многу кариери во иднина ќе бидат многу поврзани за тие работи – тврди Гејтс.

Како што вели, не мора да бидете стручњак за кодирање или периоден систем, но ако имате способност за размислување на начинот на кој размислуваат тие стручњаци, тоа многу ќе ви помогне.

– Не е неопходно вие да напишете код, но мора да разбирате што инженерите можат да направат и што не можат – вели коосновачот на „Мајкрософт“.

ФОТО: EPA / GIAN EHRENZELLER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...