Заев: Почнале да прават списоци со закани „ќе се вратело ВМРО, па раката на ВМРО ќе ги стигнела“

6292

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев, денеска на трибина во Штип, во рамки на претседателската кампања, повторно зборуваше за „метлата“ која ќе ја прави по изборите. Порача дека пораката од граѓаните кои не излегле во првиот круг е примена и оти е во ред по две години власт да се направат промени бидејќи некои функционери не си ја извршувале работата како што треба. Тоа, рече тој, ќе биде порака и за новите кои ќе дојдат да не се однесуваат така. Но, најави чистка и кај кадрите од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

– Видовме и други работи. Видовме дека таа наша кроткост, добронамерност на исполнувањето на зборот дека нема да има партиски чистки, дека нема да има бркање од работа, видовме дека некој ја злоупотребува. Еден куп директори кои не се сменети, раководители по сектори кои функционираат во јавните институции, партиските вработувања кои функционираа во сите 11 години на ВМРО-ДПМНЕ, не само што чесно не си ја вршат работата, туку почнаа намерно да опструираат, да бидат кочница. И не само тоа, во некои градови, меѓу кои и Штип, почнале да прават и списоци со закани ќе се вратело ВМРО, па раката на ВМРО ќе ги стигнело… Е ќе има чистење и од другата страна. Ќе прочистиме и од таа страна, заради тоа што сите не плаќа нашиот народ и ако сме за јавна администрација тука сме да им служиме на сите оти платата на први е од даноците што ги плаќаат сите – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...