Фудбалер задоцни на тренинг на Милан, па Гатузо ги затвори сите пет дена во тренинг-базата

239
ФОТО: EPA/Daniel Dal Zennaro

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо одлучи да ги затвори фудбалерите во клупската тренинг-базата пред натпреварот од 35-тото коло од Италијанскиот шампионат со Болоња, информира „Скај спорт Италија“.

Ова се случи откако играчот од средниот ред, Теме Бакајоко, доцнеше на тренинг речиси еден час.

Така, играчите од утре нема да ја напуштат базата во следните пет дена. Оваа одлука им беше соопштена на фудбалерите во присуство на Леонардо, технички директор на клубот.

Се шпекулира дека еден од играчите се обидел да го разубеди Гатузо, но без успех. Бакајоко го очекува сериозна парична казна.

Натпреварот Милан – Болоња ќе се игра в понеделник (6 мај).

ФОТО: EPA/Daniel Dal Zennaro

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...