Според анализата, подготвена по повод вториот круг од претседателските избори во земјава што ќе се одржат на 5 мај годинава, Силјановска – Давкова во своите настапи покажа јасна тенденција дека би била претседател само на еден дел граѓани, а не на сите граѓани на Северна Македонија, која е мултиетничка, мултирелигиска и повеќејазична држава.
Каков било облик на национализам, посебно од страна на претседател на држава, се нагласува во анализата, би можел да биде кобен за Северна Македонија.
Во делот со поднаслов „Тајна средба на Груевски со Руси во Будимпешта“, анализата укажува дека Русија се уште не се откажала од намерата да го оневозможи влезот на Северна Македонија во НАТО и покрај потпишаниот Протокол за членство во Алијансата.
„За тоа сведочи и широкораспоространетата руска мрежа агенти, посебно присутна во албанските средини во Северна Македонија за време на престедателските избори. Изненадува фактот дека поедини албански лидери се вклучени во наведените активности. Задкулисните случувања на македонската политичка сцена покажуваат дека еден дел од Албанците се уште тесно соработува со ВМРО-ДПМНЕ и одржува комуникации/соработка со Никола Груевски. Новина во тоа е и посредната соработка на Албанците со Руси преку Груевски што досега не е забележано во модерната историја на Албанците, кои своите стратешки односи ги градеа првенствено со САД“, пишува во анализата.
Според аналитичарите, вториот круг од претседателските избори во земјава ќе биде најинтересен во средините во кои живее албанско население, бидејќи ќе биде прилика јавно да исплива на површина задкулисната соработка со Груевски, а посредно и со Русите, и во јавноста ќе се разоткријат улогите и вистинските лица на некои албански лидери.
„Вториот круг од претседателските избори претставува шанса за продолжување на промената во Република Северна Македонија почната со формирањето на новата Владата предводена од премиерот Зоран Заев. Претседателските избори претставуваат политичка броба меѓу демократијата, авторитаризмот и национализмот, односно меѓу граѓанскиот и/или етничкиот карактер на Северна Македонија“, оценува анализата.
Целата анализа може да се прочита на веб-страницата http://www.
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI