Претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, денешниот ден го поминува во друштво на нејзниот тим, но и на сопругот Благоја и ќерката Марија.
„Први мај е голем празник за нашето семејство. Секогаш сме го славеле заедно. Работата го прави човекот! Трудот треба да се цени и наградува и дома и на работа!
Денес прославивме во прекрасниот амбиент на винарија “Сопот” со сопругот Баже, ќерка ми Марија и мојот тим. За многу години“, напиша Силјановска на Фејсбук.