Во вториот круг од претседателските избори, ДУИ ќе испорача 80.000 гласови за консензуалниот кандидат Стево Пендаровски, вели шефот на изборниот штаб на ДУИ, Изет Меџити.
– Ние во ДУИ и Албанците воопшто немаме дилеми дека треба да се поддржи број 3, бројот на консенсуалноста, на заедништвото, интеграцијата и рамноправноста – порачаа од ДУИ.
Од партијата велат дека бојкотот и помага на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и носи претседателска и парламентарна криза, како и дека ги ризикува НАТО и Европската Унија. Бојкотот, нагласуваат оттаму, ниту ќе обозможи привремен претседател, ниту ќе казни некоја партија, но ќе поттикне избори.
– Албанците во Северна Македонија имаат потреба од Претседател кој ја поддржува интеграцијата на земјата во НАТО, членството во Европска Унија, кој го поддржува Охридскиот Договор и јазичната рамноправност и гледа партнерство во Вашингтон и Брисел. Заради овие причини, ние ги посетивме сите локални штабови во периодот помеѓу двата изборни круга и ги повикавме граѓаните масовно да излезат на гласање на 5 мај, додека утре на 2 мај, во Салата на Филхармонијата во Скопје, со почеток во 19:30 ќе одржиме централен објаснувачки собир каде г-дин Ахмети ќе им ги објасни на граѓаните ставовите на ДУИ како и потребата за излезеност и гласање на 5 мај – повикаа од ДУИ.