Медиумите во Нов Зеланд се согласија за специјални правила, според кои ќе го следат судењето на терористот од Крајтчерч.
Најголемите пет медиуми во земјата се согласија дека Брентон Тарант, кој на 15 март уби 50 и повреди 39 муслимански верници во две џамии во Крајстчрч, веројатно ќе се обиде да го искористи судскиот процес како платформа за ширење на своите ставови.
За да се избегне тоа, главните медиуми се согласија да „го ограничат покривањето на неговите изјави со кои активно ќе ја брани идеологијата за супериорност на белата раса или терористички ставови, вклучувајќи го и манифестот на сторителот”.
Медиумите, исто така, нема да емитуваат „каква било порака, слика, симболи или сигнали од обвинетиот или неговите приврзаници за промовирање на екстремизмот”.
Во моментов, 28-годишниот Тарант е во затвор со максимално обезбедување во Окленд. Датумот на судењето против него сè уште не е назначен. Неговото следно појавување во судот е на 14 јуни. с