Полицијата фати 13 мигранти на патот Радовиш-Штип

106

Во патничко моторно возило „Опел астра“ со скопски регистарски таблици околу еден часот по полноќ на регионалниот пат Радовиш-Штип полицијата затекнала 13 мигранти од Дака, Бангладеш.

Како што денеска информираат од МВР, мигрантите и возачот А.А (26) од Скопје биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...