Бразилската манекенка и водителка, Каролина Битенкур (37), која се водеше како исчезната откако скокнала во море за да ги спаси своите кучиња во близина на Сао Паоло, е пронајдена мртва.
Водителката и нејзиниот сопруг Јорге Сестини, но и нивните две кучиња пловеле во неделата со јахтата покрај островот. Таму ги задесило невреме со бура, кое ги фрлило нивните кучиња преку палубата.
Таа со кучињата и сопругот била на бродот, а силниот ветар ги дувнал кучињата од палубата. Водителката без размислување скокнала по нив за да ги спаси, а по неа скокнал и сопругот за да ја спаси, но обидот бил безуспешен. Него го пронашле и го спасиле неколку часа подоцна.
Во потрагата по триесет и седумгодишната убавица учествувал и нејзиниот татко, кој за локалните медиуми изјавил дека вчера попладне помогнал да биде извлечено телото на неговата ќерка.
Битенкур, која освен како манекенка се занимаваше и со тв водителство, завршила во морето откако се обидела да ги спаси нејзините кучиња, кои како што раскажале нејзините пријатели, паднале во вода поради ветрот.
– На бродот беа само таа, нејзиниот сопруг и двете кучиња. Сопругот скокна во вода за да ја спаси, но имаше невреме и тие останаа одвоени. Тој пливаше три часа до брегот за да преживее – посочиле пријателите за локалните медиуми.
Од Агенцијата со која соработуваше манекенката, Oxygen Models испратија соопштение за јавноста во кое изразуваат сочувство и искажуваат почит за нејзиното партнерство.