Силјановска: Компромиси со правото не правам

187

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова во општина Ѓорче Петров се обрати на трибината насловена „Со гласање до одлука за нашата судбина“. Таа истакна дека само со право и правда може да има вистинско сојузништво меѓу граѓаните без разлика на нивната етничка и верска припадност.

– Само со право и правда и само околу правото и правдата може да има вистинско сојузништво меѓу луѓето без оглед на етничката, јазичната верската припадност. Се друго е пазар и илузија – вели Силјановска.

Таа додаде дека е благодарна на сите граѓани кои и  дале поддршка на 21 април и дека ќе може да го исполни она што го ветила пред граѓаните, потенцирајќи дека на претседателските избори се гласа за човек кој ќе ја води нацијата и ќе работи во интерес за сите граѓани, додавајќи дека само со масовна поддршка за нејзе ќе се спречи гласањето на претседател на државата во Собранието.

– Јас сум неверојатно благодарна на граѓаните оти велам се надевам дека ќе дојде денот кога нема партиите да бидат тие кои што ќе тргуваат со граѓанските гласови туку секој сам индивидуално ќе си го искористи своето избирачко право зад кутијата верувајќи дека гласа, особено на претседателските избори, не за партија или не само за партија туку пред се за личност. Затоа јас сум една од оние кои се огромни противници за избор на претседател во Собранието. Граѓаните се помудри, граѓаните знаат да направат прав избор – кажа Силјановска.

Таа го искоментира и резултатот од првиот изборен круг.

– Резултатите од првиот круг многу кажуваат, но испраќаат и порака. Затоа го имате моето ветување дека јас компромиси со право не правам. Правото треба да се спроведува, за него не треба никој да преговара, ни партија, ни личност. За жал, тоа го прават. Го потрошија времето 26 мина само на Преспанскиот договор и само на Спогодбата со Бугарија. Не велам дека со соседите не треба да се договараме и преговараме, меѓутоа во меѓународното право се зборува за рамноправност на субјектите. Ама што заборавија? Не можете да имате само алиби во раце наречено договор, треба ако сте се нарекле реформска влада, да не ја сведете реформата само на болната промена на името, туку да го реформирате образованието, здравството, социјалната заштита, економијата, да се фатите во костец со корупцијата и криминалот а не да ги мултиплицирате, да ставите крај на непотизмот и на фамилијарните односи зошто костурот на државата е бирократијата рече Силјановска.

Според неа, далеку сме од почеток на преговорите, далеку сме од ЕУ.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...