За Силјановска „На Мегдан“, се нелегитимни револуционери

453

Претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова ја одби понудата на иницијативата „На Мегдан“, бидејќи тие не биле репрезентативни за некои кои се нарекуваат револуционери.

– За да бидете револуционер треба да бидете наспроти власта. Не сум чула пратеници, министри, членови на бордови да бидат револуционери – рече Давкова.

Иницијатива „На Мегдан”, ја сочинуваат, како што велат, група од разочарани и неопределени активисти и поранешни членови на Шарената револуција. Од иницијативата вчера ги поканија на дебата двајцата кандидати за претседател.

Тие велат дека се разочарани од одбивањето на нивната покана од страна на Гордана Сиљановска.

– Професорке, за легитимитетот на нашиот активизам можат да говорат луѓето кои ги делеа улиците со нас. Тие веќе го прават тоа и ние со задоволство дискутираме со нив на оваа тема. Но, тоа не е едно од прашањата кои се упатени кон Вас – пишуваат од „На Мегдан“.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...