Претседателот на СДСМ Зоран Заев на средбата со граѓани во скопската општина Шуто Оризари повика на масовна излезност на 5 мај и успешни претседателски избори.
– Пред неколку часа дојдов од Берлин, тука прво ќе ја соопштам веста. Ќе отвориме преговори со ЕУ, тоа значат пари, фондови, систем, перспективи. НАТО и ЕУ не се мачкаат на леб, но носат леб. Затоа сите земји се стремат да бидат членки на НАТО и ЕУ, а еве ние веќе стануваме членка на НАТО. Не ни треба нов блокатор. Силјановска би била нов Иванов, да дадеме поддршка за Стево Пендаровски -повика Заев.
Тој укажа дека Република Северна Македонија се развива како едно заедничко општество за сите граѓани, од сите етнички заедници, кон НАТО и ЕУ, дека сме на вистинскиот пат како земја, потсети на последиците од режимот, рече дека Силјановска е кандидатка на режимот и сака само амнестија на Груевски.
Тој најави пакет социјални мерки, како што е зголемувањето на социјалната поддршка за социјално загрозените семејства од 2.600 денари на над 12.000 денари и апелираше да се сочува единството, зашто среќа за сите во државава и задржување на младите е можна, само по овој пат со Стево Пендаровски како претседател на државата.