Косовскиот ноивинар Батон Хаџиу кој го следел Самитот во Берлин за косовските медиуми изјавил дека на средбата помеѓу германската канцеларка Ангела Меркел и премиерот Зоран Заев интересно било дека Заев најавил оставка доколку Северна Македонија не добие датум за преговори.
– Најинтересена беше средбата на албанскиот премиер Еди Рама и премиерот на Северна Македонија Зоран Заев со канцеларката Ангела Меркел и претседателот на Франција Емануел Макрон. Таму се случија некој работи кои значително ќе ги менуваат работите понатаму со тоа што ќе се случува на Балканот. Според информациите што ги имаме, Заев рекол дека ако не се отвори патот за преговори ќе си даде оставка – вели Хаџиу, новинар на телевизијата „Клан косова“.