Министертво за труд: Силјановска ги злоупотреби децата од СОС Детско село

420

Министерството за труд и социјална политика реагира дека кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова дрско ги злоупотребила децата и младинците без родители и родителска грижа во СОС Детско село.

– Сиљановска денеска подготвуваше оброци за децата од СОС Детско село, манипулирајќи ја јавноста дека се загрозени и дека им е неопходна храната. Ја информира јавноста дека СОС Детско село е приватна установа којашто згрижува деца без родители и родителска грижа врз основа на Управен договор склучен со државата, а трошокот за секое дете на месечно ниво го покрива надлежниот Центар за социјални работи и истиот изнесува 18.000 денари, стои во соопштението на Министерството.

Претходно претседателската кандидатка со неколку активисти во изборниот штаб спакуваа оброци за децата од СОС Детско село. Таа рече дека ова што сега е инцидент може да стане пракса на претседателскиот кабинет да подготвува храна за оние на кои им е најпотребна.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...