Денеска, во посета на граѓанскиот штаб беа студентите на кандидатот за претседател, Гордана Силјановска-Давкова, соопштија од штабот на Силјановска.
Силјановска-Давкова од студентите доби поддршка за победа во вториот круг на претседателските избори на 5 мај, а тие ѝ подарија и портрет што самите го изработиле.
Силјановска-Давкова истакна дека токму студентите се нејзина гордост и надеж, како и дека младите се иднината на Македонија, а таа како професорка и идна претседателка ќе се потруди тие својата иднина да ја градат токму во својата земја бидејќи, како што рече, таа е секогаш на страната на младите.
– Студентите се мојата гордост и надеж. Денес, од моите студенти Роми добив портрет што тие го изработиле. Им благодарам од срце. Младите се иднината на Македонија, а јас секогаш сум била на нивна страна. Ги повикувам да застанат на моја страна, на страната за правото и правдата во Македонија – рече Силјановска-Давкова.