Поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи ни денеска не се појави во Обвинителството за говор на омраза, но затоа во Обвинителството стасала кривична пријава од ИВЗ против опонентот на реисот, Скендер Бузаку и уште едно лице, јави телевизијата Телма.
Реџепи во говор во селото Арнакија, Македонците ги нарече диви луѓе и дека затоа немаат идентитет.
Пријавата пак, против Бузаку е за фалсификување исправа и за поднесување лажни докази.
Соработниците на Реџепи обвинија дека документите врз основа на кои судијката донела решение за нов реис се фалисфикат.
Скендер Бузаку кого граѓанскиот суд го впиша во регистарот на верски заедници како нов поглавар на ИВЗ тврди дека не се занимава со фалсификување на документи туку се што било доставено во судот било оригинал.