Стево Пендаровски и Зоран Заев ја изгубија поддршката кај граѓаните, затоа прибегнаа и посегнаа кон полнење кутии кое што е против законско дејствие казниво согласно Кривичниот Законик на Република Македонија. Според извештајот на ДИК во гласачкото место 0816 во населеното место Зајас, во општина Кичево во периодот од 15 до 17 часот гласале вкупно 297 лица, односно три пати повеќе од бројот на лица кои гласале до 15 часот. Според ваквите податоци, произлегува дека за два часа успеале да гласаат 297 избирачи или во просек на секои 24 секунди гласал по еден гласач што физички е невозможно имајќи ја предвид процедурата за гласање на секои избори – вели Димче Арсовски од ВМПО-ДПМНЕ.
– Дополнително по завршувањето на гласањето е утврдено дека во посебниот извод од избирачкиот список за избирачко место се потпишани 412 лица, односно 4 помалку отколку што имало ливчиња во гласачката кутија. Кривичното дело е сторено со тоа што е дозволено од страна на избирачкиот одбор непознати лица да гласаат за други лица без да бидат проверени притоа со УВ ламба што е стандардна процедура, пронајдени во избирачки список и без да се потпишат во Избирачкиот список што исто така е стандардна процедура при секое гласање. Избирачкиот одбор е директно виновен за стореното кривично дело и за овозможување на истото кривично дело – вели Арсосвски.
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава до Јавно Обвинителство, против сите членови на избирачкиот одбор, тоа се десет лица. И во моментот се поднесува во Јавното обвинителство во Кичево.
За сторено кривично дело од чл. 159 ст. 2 и чл. 161 од Кривичен Законик. Очекуваме Јавното Обвинителство веднаш да постапи по однос на кривичната пријава, земајќи го во предвид фактот дека вториот круг на гласање е во недела, а во насока на превенирање на повторно полнење на кутии во овие избирачки места или други избирачки места.