Нејмар може да биде изоставен од бразилската репрезентација

213
ФОТО: EPA / IAN LANGSDON

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Нејмар поради инцидентот со еден навивач по поразот од Рен во финалето на францускиот куп, може да биде исфрлен на одредено време од националниот тим.

Бразилецот при искачувањето кон свечената ложа на „Стад де Франс“ го удри навивачот кој почна да го критикува.

Покрај шпекулациите за казна во репрезентацијата, напаѓачот со сигурност го очекува санкција во Француското првенство.

За утре е најавен состанок на дисциплинскиот комитет на професионалната фудбалска лига на Франција за овој инцидент. Нејмар се соочува со дисквалификација до осум натпревари

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...