Предлог – одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија во 2020 година (со прилог Анализа на остварени резултати од спроведувањето на стратегиските приоритети на Владата во 2018 година) е на дневен ред на денешната 132-ра владина седница.
На предлог на Министерство за информатичко општество и администрација за денешната седница се предложени на разгледување и натамошно процесуирање Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, и Предлог – законот за изменување на Законот за вработените во јавниот сектор.
Владата на седницата ќе се произнесе и за Предлог – законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово за реципрочно признавање на возачки дозволи.
Министерството за труд и социјална политика на оваа седница, како што соопшти владината прес-служба, ќе го презентира Извештајот за преземени мерки и активности за 2018 година и Оперативен план за 2019 година за спроведување на Националната стратегија за стари лица 2010-2020 година, а Министерството за финансии на дневниот ред ја стави Информацијата за Стратегијата за развој на ИКТ на Царинската управа.